Поврзи се со нас

Занимливости

Во овие земји славењето на Нова година е забрането

Објавено

на

За голем дел од светот, деновите околу Нова година и Божик се најочекуваното, најраскошното, најубавото време во годината. Но, овие празници во некои земји се забранети или условно ограничени – поради разни причини и правила. Следат неколку држави каде што новогодишната еуфорија не е така добродојдена.

Таџикистан

Оваа држава во Средна Азија, од друга страна, изминатово десетлетие постепено ги заостри ограничувањата во врска со Нова година. Работите тргнале во таа насока 2013 година откога на Дедо Мраз „му е забрането“ да се појавува на телевизија, па следеа и неупотребата на огномет, и на прописите за вообичаените празнични оброци и подароци… Во училиштата и универзитетите, на пр., не е дозволено поставување елка – „било таа да е жива или вештачка“, се вели во Уредбата на Министерството за образование.

И прославите на Ноќта на вештерките се забранети во Таџикистан. А пак, погребите и свадбите, исто така, се предмет на строги правила и прописи.

Кина

И најголемата нехристијанска држава во светот е „растргната“ меѓу тоа – да се заштитат изворните традиции, обичаи и култура – и усвојувањето на западните влијанија. Властите ги следат новогодишните собири. Комунистичката партија на Кина, на пр., им забранува на своите членови, владините агенции, па дури и на универзитетите да учествуваат во какви било прослави, додека на социјалните мрежи со слогани се охрабруваат луѓето да го бојкотираат Божиќ.

Политиката на Владата е суштински да се погрижи Црквата да ги стави партијата и државата над религијата, изјави Шинг Ханг, вонреден професор на Универзитетот Брандејс.

Во одредени области, сè уште е недозволено да се прославува. Таков е градот Венжу, каде што на сите училишта и јавни центри им е забрането да учествуваат во божиќни и новогодишни активности.

Брунеј

Во 2014 година, Хасанал Болкијах – султанот на оваа мала далекуисточна исламска апсолутна монархија, соопшти дека празничните новогодишни прослави се забранети затоа што „има стравувања дека тие веселби би можеле да го одведат муслиманското население на погрешен пат“ во таа држава богата со нафта.

Луѓето – жители на Брунеј од другите верски заедници сè уште можат да прославуваат, но само ако тоа го чинат зад затворени врати и во целосна приватност, но и со дозвола од властите. Ако се случи забава на Божик без соодветно известување на надлежните, казната е над 18.000 фунти, затвор од пет години, или и двете.

Северна Кореа

Државата на Ким Јонг-ун им дозволува на жителите да го почитуваат само семејството лидерот, владејачката партија и нејзините водачи, а не Исус Христос или Дедо Мраз. Божиќ не се слави во Северна Кореја откако династијата Ким почна да ги затегнува и сузбива верските слободи во 1948 година, па секој што ќе биде прогласен за виновен за славење „туѓи“ верски или световни празници, се сооочува со затвор, па и построги казни.

Во 2016 година, Ким Јонг-ун целосно ги забрани прославите на Божиќ и им порача на своите поданици да го слават 24 декември, но како датум на раѓање на неговата баба, која Севернокорејците треба да ја чествуваат на тој ден.

Според Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја, во Северна Кореја се забранети сите собири кои вклучуваат пиење, пеење и друга забава. Некои луѓе сè уште тајно слават одредени денови, но под постојана присутна закана и страв.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 45 минути

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 2 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 3 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 4 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 5 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 6 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 7 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 8 часа

Драстична промена на времето, пороен дожд, грмежи и ветер

Македонијапред 10 часа

Денес е Велики четврток, првите велигденски јајца вапсани пред изгрејсонце

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена