Македонија
ЗНМ: Надлежните итно да постапат за нападите врз новинари, креираната атмосфера е предупредувачка и мора веднаш да престане

Регистрираните напади во последниве две недели се приближуваат до бројката на вкупни напади во оваа година, што говори за еден недозволив тренд, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Здружението на новинари Младен Чадиковски, осврнувајќи се на нападите врз медиумските работници за време на предизборната кампања за Локални избори 2021.
Тој побара надлежните, Министерството за внатрешни работи и Обвинителствата веднаш да постапуваат по тие случаи.
– Влегуваме во последната најнервозна фаза на кампањата. Предупредуваме дека сево ова мора веднаш на престане. МВР и Обвинителствата да регираат за да покажат дека нападите врз слободната мисла се недозволиви. Поднесовме претставки, повеќе пати и до МВР и до ДИК, за сите овие случувања и затоа очекуваме побрза реакција. Изборите ќе завршат на 31 октомври и ние новинарите нема да си легнеме со мислата дека до вчера беше кампања и се беше дозволено, а од денес почнува демократија. Сите овие случувања оставаат лузни на медиумската сцена и на демократската атмосфера во целата земја. Затоа бараме, не утре, реакција на надлежните уште веднаш и сега, нагласи Чадиковски.
Претседателот на ЗНМ потенцираше дека во текот на изминатите недели сите бевме сведоци на повеќекратни тешки навреди, напади и исвиркувања, загрозување на личниот и професионалниот живот на новинарките и новинарите.
– Ја организиравме оваа прес-конфернеција на неколку денови пред Светскиот ден на неказнивоста на нападите врз новинари затоа што чувствуваме дека изборниот процес донесе премногу емоции кои се преточија во неприфатлив однос на дел од политичките актери, учесници во изборите, кандидати, партиски експоненти и партиски активисти, наведе Чадиковски.
Тој констатираше дека креираната атмосфера е предупредувачка и мора веднаш да престане.
– Не станува збор ниту за една партија или кандидат, туку за различни политички провениенции, додаде Чадиковски.
Медиумските работници, кои во изминатиот период ги доживеале немилите настани побараа итна рекација од страна на надлежните.
Како што истакнаа, за новинарите искажаниот збор „тежи“, за разлика од оние кои се „расфрлаат со ветувања, кои потоа не важат“.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја