Поврзи се со нас

Македонија

50 новозаболени од голема кашлица во земјава, во Гостивар еден нов случај

Објавено

на

Пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица во периодот од 29 март до 4 април, со намалување од 21,9 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 34, а пријавени се случаи и во Битола – седум, Тетово – пет и по еден случај во Гостивар, Кратово, Велес и во Гевгелија. Возраста на заболените се движи од еден месец до 52 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години. Од новите 50 случаи, девет се хоспитализирани, информираат денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во однос на вакциналниот статус на заболените, 16 лица се комплетно вакцинирани, шест се вакцинирани согласно возраста и 28 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус.

„Заклучно со 4 април, во државава се регистрирани вкупно 399 случаи на голема кашлица, со инциденца од 21,7/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Дистрибуцијата на случаите по однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 317 или 79,7 проценти со зафаќање на шестнаесет различни општини. Во однос на возрасната дистрибуција, заболените лица се на возраст од еден месец до 78 години. Дистрибуцијата по пол покажува дека 197 лица се од машки пол, а 202 од женски, односот на машки-женски е 1:1,03“, наведуваат од ИЈЗ.

Во однос на вакциналниот статус, 206 лица или 51,6 отсто од заболените не се вакцинирани или се некомплетно вакцинирани согласно возраста и Календарот за имунизација. Комплетно вакцинирани или вакцинирани согласно возраста се 160 лица, а за 33 случаи вакциналниот статус е непознат.

Од заболените, хоспитализирани се 58 лица или 14,5 отсто, и тоа 49 или 84,5 проценти од нив на возраст до четири години. Најголем број од случаите – 41 или 70,7 отсто се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле.

„Согласно Правилникот за критериуми за дефинирање на случаи на заразни болести (Службен весник бр.19/2018), од вкупниот број пријавени случаи – 399, на голема кашлица, 398 се класифицирани како потврдени случаи – лабораториски конфирмирани, а еден случај е класифициран како веројатен – има епидемиолошка врска со лабораториски потврден случај. Епидемиолошките истражувања покажуваат поврзаност на 70 случаи“, појаснуваат од ИЈЗ.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена