Гостивар
Редослед на богослужби во Гостивар во страдалната седмица и за Велигден

Гостиварското архиерејско намесништво ја објави Велигденската Програма за богослуженијата во страдалната седмица и за светото Христово воскресение:
Велика Среда (1-ви мај): Утрена со часови и Литургија на Претходно Осветени Дарови, со почеток во 7 часот наутро.
Велики Четврток (2-ри мај): Вечерна со Литургија на св. Василиј Велики. По Светата литургија ќе се изврши и светата тајна Елеосвештение (маслосвет) во Соборниот храм. Во 18 часот ќе се читаат 12 –те страдални Евангелија и ќе се изнесе Распетието Христово на средината на храмот.
Велики Петок (3-ти мај): Утрена со царски часови и читање на Светите Евангелија во 8 часот, и изнесување на светата Плаштаница. Во 17 Часот ќе се отслужи вечерна богослужба, а во 18 часот ќе се изврши опело на Господ Исус Христос
Велика Сабота (4-ти мај): Вечерна со Литургија на Свети Василиј Велики со почеток во 8 часот наутро. Во 23.30 часот ќе започне трикратниот опход околу Соборниот Храм со пеење на ВОСКРЕСЕНИЕ ТВОЕ ХРИСТЕ СПАСЕ и ќе бијат сите камбани.
Прв ден Велигден (5 мај): Точно во 00:00 часот ќе биде објавено Христовото Воскресение во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“. Веднаш потоа ќе се служи утрена со Литургија на Св. Јован Златоуст.
Втор ден Велигден (6-ти мај): Утрена со Литургија на Св. Јован Златоуст ќе се служи во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во 8 часот.
Трет ден Велигден (7-ми мај): Утрена со Литургија на Св. Јован Златоуст ќе се служи во Соборниот храм во 7 часот.
Источен петок–Балаклија (10-ти мај): Утрена со Света Литургија на Св. Јован Златоуст во 8 часот во црквата Св.Петка (под железничката станица).
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести