Македонија
МОН: Септемвриската плата повисока за 15% за 32.500 вработени во образованието
Септемвриската плата за вработените во основното и средното образование е повисока за 15 проценти. Тоа значи дека околу 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници, добиваат дополнителна мотивација за работа и лично вложување во унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем, соопшти МОН.
„Заедно со досегашните зголемувања од 21 процент, вработените во образованието добиваат историски најголема поддршка. И во услови на економска и енергетска криза, пари за наставниците има. Оваа Влада и Министерството за образование и наука на дело покажуваат дека се грижат за достоинствено вреднување на нивниот труд, желба и посветеност. Ја реализираме заложбата наставниците да го добијат заслужениот статус во општествената хиерархија, за да можат да бидат главен фактор во унапредувањето на квалитетот на образованието. Затоа, Министерството за образование и наука обезбедува услови за нивен професионален и кариререн развој преку постојани обуки и можности за напредување во звања. Продолжуваме да работиме на подигнување на дигнитетот на просветителската дејност и во иднина.“, се наведува во известието.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот