Македонија
Доделена државната награда „8 Септември“ за животно дело во спортот
Во македонското Собрание, денес беа доделени наградите „8 Септември“ – највисоко признание за животно дело и признанија за остварувања во областа на спортот.
Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоцијата на земјава на меѓународен план му припадна на Чедо Николовски – поранешен борач во слободен стил и освојувач на голем број домашни и меѓународни признанија.
Наградата, пак, со која се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот се доделува на Атанас Костовски – доајен на македонското спортско новинарство, Зоран Карановиќ – поранешен одбојкар, тренер, во последните три децении Генерален секретар на ОФМ, Стојан Андриевски – тренер-селектор на македонската карате репрезентација во кати и Ацо Јорданов – поранешен во борење, судија и спортски работник.
На врачувањето на наградите присуствуваа Горан Мисовски потпретседателот на Собранието, вицепремиерот Фатмир Битиќи, Наумче Мојсовски – директор на Агенцијата за млади и спорт и голем број спортисти и спортски работници.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот