Поврзи се со нас

Парламентарни избори 2024

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Објавено

на

    Во рамки на кампањата за претестојните избори на 8 мај, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа централен митинг на плоштадот во Гостивар.

    Носителката на листата во Изборна единица 6, Дафина Стојаноска повика на масовно излегување на изборите и поддршка за листата на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова.

    „Уште пред почетокот на кампањата се чувствуваше огромна позитивна енергија, која се излеа на 24 април. И вечерва ја чувствувам истата многу посилно, заедно со вас правиме револуција со пенкало. Оваа енергија нека го достигне својот врв на 8 мај. Заедно со овој народ тука ќе направиме големи работи за Македонија и за сите луѓе во неа. Мора да се обелоденуваат сите криминали, криминалот е тој кој треба да биде замолчен. Стигнавме до се поизвесната победа, не смее да дозволиме малцинство од криминалци да владее со мнозинството. Мафијата стана синоним за СДСМ и ДУИ, време е да ставиме крај. Мафијата царува, додека народот пати. Ако ви нудат пари, тоа се ваши пари, ако ви нудат многу пари и тоа се ваши пари, ако ви се закануваат, после 8 мај ќе бидете заштитени од новата Влада која ќе ја формира ВМРО ДПМНЕ. Време е за победа над мафијата, не им се плашете-казнете ги, излезете масовно на гласање и да не дозволиме сценарија за некаква политичка и финансиска криза. ДУИ и СДСМ не‘ опљачкаа, не‘ понижија и изрезилија насекаде. Да го казниме Али, да го казниме Артан Груби…Таче, тој поодамна веќе не е битен. Мултиетнички Гостиваре обединете се околу ВМРО ДПМНЕ и така сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт. Да го испратиме Али во пензија, време му е, доста му беше. Али, Груби, Заев и Таче не смеат да ни се повторат, вие народот ја имате историската улога овојпат.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од говорницата посочи дека состојбите во земјава на сите полиња се лоши, актуелната власт не води сметка за народот и дека прави криминали.

    „Гостивар е град со луѓе домаќини кои со право се загрижени што и‘ се случува на Македонија. Контролата е во стотина души кои управуваат со земјата со многу криминал и корупција. Многу луѓе ги оставија без пасоши и документи, народот не може да искористи здравствена услуга ако нема врски, да се вработи во администрација ако нема партиска книшка. Во 21 век главна борба е да се обезбедат учебници. Да не зборувам какви се состојбите во економијата каде главни ликови се Артановци, Бујаровци и Зечевци. Нема поголем тендер во земјата од каде тие не собираат процент. Тука во Гостивар, на пола пат од Тетово, се сликаа со лопатите, наместија бини, сечеа ленти за нови автопати, дел од коридорот 8 и 10Д. Помина година, дена дупка не ископаа, не па автопат да изградат. Повеќе од 300 милиони евра народни пари исплатија во ветар, таму подизведувач е омилената фирма на ДУИ, бидејќи ДУИ управува со државата, наместо тоа да го прави народот. Артан, Бујар и Талат си се послужуваат со Македонија зашто имаме слаб СДСМ кој го дозволува тоа, скапо купувајќи си ја власта“, кажа Мицкоски и додаде дека обвинувањата од ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ се против Албанците не се точни, и ги нарече „редовен декор кога се фатени дирекно како ја ограбруваат Македонија“.

    „Немам, ниту ќе имам нешто против Албанците, имам против ДУИ која ги злоупотребува Албанците и нивната мака. Врз митот права за Албанците, Артан и Али направија милиони за себе, додека албанскиот народ гладува и се сели од Македонија. Погледнете ги селата каде има и Македонци и Албанци нема вода, канализација, асфалтирани улици. Никогаш не се работело за национализам, туку затоа што ја злоупотребуваат таа тема, тоа го прават зашто се уплашени оти ќе одат во опозиција, ќе одговараат за криминалот и ќе треба да се реформираат. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја има одговорноста да управува ќе бидам со народот, ќе градиме патишта, водоводи, канализација. Народот очекува промени, мора да се излезе на гласање, да се победат сите сценарија на СДСМ и ДУИ. Оваа поддршка што ја имаме е одговорност за мене, народот очекува брзи резултати.“, нагласи Мицкоски и во продолжение зборуваше за главните насоки и проекти во нивната „Платформа 1.198“ со која излегуваат на овие избори.

    На митингот во Гостивар свои обраќања имаа и Анета Ќироска, кандидат за пратеник и Ердоган Сарач, претседател на Движење за национално единство на Турците.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Културапред 3 часа

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Занимливостипред 4 часа

    Бумери и Gen Z -две генерации, два света

    Гостиварпред 6 часа

    Засилени контроли во Гостивар: Санкционирани 61 прекршок за еден ден

    Македонијапред 7 часа

    Почина 24 годишно момче, пожарот во Кочани ја зеде шеесет и втората жртва

    Гостиварпред 9 часа

    Средба на полицијата и црковните лица во Гостивар во пресрет на Велигден

    Културапред 10 часа

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Македонијапред 11 часа

    Аптеките да не мора да ги објавуваат цените онлајн, бара Здружението на приватни аптеки

    Светпред 16 часа

    Велики четврток, пред изгрејсонце вапсани првите велигденски јајца!

    Магазинпред 1 ден

    Кога мислите нè мамат – 4 начини на размислување што ни прават штета

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 5 дена

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 6 дена

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Македонијапред 4 недели

    Раководител од Општина Маврово и Ростуше фатен при примање поткуп од 13.000 евра

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Рецептипред 2 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 3 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 3 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена