Поврзи се со нас

Македонија

Почнува новата академска година

Објавено

на

На факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе бидат организирани први академски часови за симболично означување на почетокот на  студиската 2022/2023 година и добредојде на новата генерација студенти.

Првиот академски час на УКИМ беше одбележан во саботата на Машинскиот факултет и, по пауза од две години поради КОВИД-пандемијата, се одржа со физичко присуство.

Бруцошите ги поздрави ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, со порака дека е чест, но и голема обврска да се студира на најстариот, најдобриот и најголемиот универзитет во нашата држава.

– Затоа што знаењето, науката, талентот, креативноста и квалитетот се основни постулати во неговото работење… Ви посакувам низ студирањето да ве следат истрајноста, знаењето и желбата за ваш личен напредок и развој. Работете вредно, посветете им се максимално на студиите, соработувајте со вашите професори, соработувајте и меѓусебно, посветете се на вашата утрешнина, истакна Јанкуловски.

Според најавата на УКИМ, ректорот денеска, по повод првиот академски час, ќе ги посети Медицинскиот факултет (8.30 часот), Филолошкиот (11:00), Економскиот (12:00) и Архитектонскиот факултет (13:30).

Формиран во 1949 година со три факултети, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денес е заедница од 23 факултети, пет научни институти и четири јавни научни установи, како и придружни членки.

Со Конкурсот за упис на додипломски студии во учебната 2022/2023 година, на Скопскиот универзитет беа  слободни 10 918 места: 5306 за редовни студенти финансирани од буџетот кои плаќаат годишна партиципација од 200 евра. За редовни студенти кои ќе плаќаат школарина од 400 евра беа наменети 4522 места и 1090 места за вонредни студенти.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена