Поврзи се со нас

Гостивар

Литургија во црквата Пресвета Богородица во Гостивар за Свети Архангел Михаил

Објавено

на

Во чест на празникот Собор на светиот Архангел Михаил, во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар утрово беше отслужена света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф  во сослужение на протоереј Маријанчо Мадевски, протоереј Трпе Богоевски и ѓакон Славчо Ѓорѓески. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Владиката се обрати кон верниците со пригодна беседа на која меѓудругото истакна:

„Самиот збор „ангел“ означува „гласник“. Со овој збор се определува воглавно нивниот однос кон луѓето. Преподобниот Јован Дамаскин објаснува: „Кога ангелите според Божјата волја ќе им се појават на достојните луѓе, тие не се појавуваат онакви, какви што се по суштина, туку во таков преобразен вид во каков што луѓето можат да ги видат со своите телесни очи“. Светата Црква учи дека постојат повеќе видови на бестелесни ангелски сили. Св. ап. Павле, кога бил издигнат на третото небо, вели дека видел девет чинови и дека се поделени на три ерархии, и тоа: Престоли, херувими и серафими во првата ерархија, во втората се господства, сили и власти и во третата ерархија начала, архангели и ангели. За сите овие чинови имаме сведоштва во Стариот завет, кај пророците особено кај Исаија. На чело на сите ангелски чинови, поставен од Бога, стои Архангел Михаил.Ангелот Деница, кој бил најблиску до Бога но поради неговата гордост, отпаднал со останатите негови чинови и од небото отишол во адот, и од најсветол ангел постанал најцрн и постојан непријател на родот човечки. Тогаш, Архангел Михаил извикал силно и ги собрал сите останати ангелски чинови, велејќи им: „Внимавајте, најсветиот ангел падна поради гордост и непослушност, а ние да останеме верни на Бога кој нè создаде и во едномислие и едногласно да го прославиме Бога. И ние кои сме собрани денес во овој свет храм да се обратиме со искрена молитва кон овие невидливи духовни сили тие да бидат наши ангели чувари“.

По литургијата верниците се причестија.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 6 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 8 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 10 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 13 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 14 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 15 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 17 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 18 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена