Поврзи се со нас

Македонија

Државата ќе ги плати долговите за струја на институциите кои имале објективни причини, останатите ќе сносат одговорност

Објавено

на

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека државата ќе мора да ги покрие долговите за електрична енергија на оние клучни институции кои имале објективни причини за такво нешто, но не и на оние институции кај кои не постојат вакви причини. Оние институции кај кои не постојат објективни причини за неплаќањето на сметките, најави ќе ги повика на одговорност.  – Не ми е сфатливо како може со години да не се плати струја што е недомаќинско однесување на дел од раководителите на тие институции. Кај дел има и објективни фактори, на пример здравствените институции беа оптоварени со многу трошоци во текот на корона кризата. Не трпам директори кои не плаќале струја затоа што сметале дека нивните институции не можат да останат без струја ,само затоа што се од витално значење, изјави Ковачевски.

За овој проблем најави дека денеска ќе има состанок во Министерството за економија.

Во однос на ставањето во функција на сите енергетски капацитети во државата, Ковачевски информираше дека почнуваат монтажните активности на Блок 3 во РЕК Битола затоа што дел од опремата е пристигнат и оти комерцијалниот директор на ЕСМ денеска е во Турција со цел да го доорганизира транспортот на трансформаторот. Многу скоро очекува да биде ставен во мрежа и ТЕЦ Неготино.

Прашан за дојавите за бомби за кои денеска има случаи и во Кавадарци, премиерот посочи дека се работи за хибридни закани кои зачестиле по руската агресија на Украина. Нагласи дека ваквите лажни дојави за бомби не се случуваат само кај нас, туку и во други држави членки на НАТО и оти целта е да се креира паника.

– Не е толку едноставно да се идентификуваат сторителите. Има индиции и доколку има финални резултати и ако сторителите се наоѓаат во државата, секако дека ќе бидат изведени пред лицето на правадата, рече Ковачевски.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена