Гостивар
Пожарникари од Гостивар заминуваат на помош во Турција
Група од осум пожарникари од гостиварската Противпожарна единица денес заминуваат во Турција, каде ќе бидат дел од спасувачките мисии и активности за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес што се случи вчера наутро.
„После вчерашната трагедија во Турција сите земји, сите луѓе се обидуваат како што можат да им помогнат на погодените. Така и Општина Гостивар одлучи да се солидаризира и осум пожарникари тргнуваат натаму. Како општина организираме и собирање на донација од она што им е најнеопходно на луѓето во Турција во овој период. Нормално главната донација ќе биде од нас, но ќе имаме и центар за донирање каде секој што сака да помогне ќе може да го стори тоа. Во овие тешки моменти за Турција да се обидеме да помогнеме колку што можеме“, рече градоначалникот Арбен Таравари, кој ги посети пожарникарите пред заминување.
Во однос на учениците од Гостивар кои во моментот на земјотресот се најдоа во Турција градоначалникот рече дека според нивните информации, тој престој не бил организиран преку училиште.
„Побарав од секторот за образование да ги исконтактираат сите средни училишта и добивме податок дека на организиран начин, немаме деца кои се отидени во Турција со програма Еразмус. Ако има отидени без организација на училиште, тоа е веќе друга работа.“, кажа Таравари.
Командирот на Противпожарната единица во Гостивар,Јусуф Бајрами информираше дека пожарникарите за Турција заминуваат со две специјализирани возила и се обучени за помош при справување со природни катастрофи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот