Гостивар
Акција во Гостивар и Тетово: Одземени возачки дозволи од пијани возачи, ќе платат и казна
Вчеравечер и ноќеска (11/12 февруари) од 23 до 4 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле засилена акциска контрола на возачите, дали и колку од нив управуваат под дејство на алкохол. При контролата откриени се и санкционирани 24 возачи (ТЕ-16 и ГВ -8), кои управувале под дејство на алкохол, информира полицијата.
„Сите се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи, а изготвени им се и законски предвидените поднесоци. Покрај ова, биле санкционирани и 16 други видови сообраќајни прекршоци, од кои 11 на тетовско и 5 на гостиварско подрачје“, наведува портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.
СВР Тетово уште еднаш со апел и укажување до возачите да не консумираат алкохолни пијалаци ако возат или ако веќе консумираат, да не седнуваат зад волан.Зашто, алкохолот ја намалува нивната способност нормално и безбедно да ги управуваат возилата и ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот