Поврзи се со нас

Вести

Огромен астероид ќе мине блиску до Земјата

Објавено

на

Астероид доволно голем да уништи цел град викендов ќе помине помеѓу орбитите на Земјата и Месечината. Објектот наречен 2023 DZ2 е откриен пред еден месец, јавува Би-Би-Си. Тој денеска ќе помине на оддалеченост од 515.000 километри од Месечината, а неколку часа подоцна ќе помине и покрај Земјата.

Ретко е толку голем астероид, кој се проценува дека има дијаметар од 40-90 метри, да помине толку блиску до некоја планета.

Според НАСА, ова е ретка можност за астрономите да го прошират своето знаење за астероидите, што ќе биде корисно во случај во иднина да се открие опасен објект со потенцијал да удри во Земјата.

– Нема шанси овој „убиец на градови“ да удри во Земјата, но фактот што минува толку блиску е одлична можност за набљудување, вели Ричард Моислиз од Европската вселенска агенција.

Додека поминува на растојание од само 68.000 километри, астероидот ќе биде видлив преку двогледи и мали телескопи во целиот свет. Преносот во живо ќе се емитува на страницата  „The Virtual Telescope Project.“.

Овој астероид најверојатно ќе се врати во орбитата на Земјата во 2026 година, но научниците велат дека и тогаш нема да претставува закана за нашата планета.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена