Поврзи се со нас

Вести

Најава за летечко такси во Чикаго

Објавено

на

 „Арчер авиејшн“ и „Јунајтед ерлајнс“ склучија партнерство за новата заедничка комерцијална воздушна такси-услуга во Чикаго, САД. Компаниите планираат до 2025 година центарот на градот воздушно да се поврзе со Меѓународниот аеродром „О’Хејр“.

„Возбудливата нова технологија дополнително ќе го декарбонизира нашиот превоз, па така ќе направиме нов чекор кон летовите и борбата против климатските промени. Задоволна сум што жителите на Чикаго ќе бидат меѓу првите што ќе го искусат овој иновативен начин на патување“, рече градоначалничката Лори Лајтфут.

Покрај тоа што е седиште на „Јунајтед“, аеродромот во Чикаго е идеален за тестирање такси-летала. На пр., возењето меѓу аеродромот и западното предградие Розмонт може да трае од 35 минути до повеќе од еден час во зависност од сообраќајот. Дури и во еден од градските возови, возењето трае околу 45 минути. Проценките говорат дека лет со летачко такси меѓу центарот на Чикаго и аеродромот ќе трае само 10 минути.

Програмата првично ќе биде ограничена само на оваа рута, но има планови и за други рути во иднина.

Чикаго има сложен превозен систем со возови и автобуси, а целта на властите е сите автобуси да бидат електрични до 2040 година. Во овој град денес се користат 23 електрични автобуси. Ако се оди според планот, летачкото такси ќе помогне да се намалат штетните гасови и сообраќајниот метеж, предвидува градската управа.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена