Поврзи се со нас

Вести

AccuWeather објави голема прогноза за пролетта: Еве што се очекува за нашиот дел од Европа, некои се загрижени

Објавено

на

Некои земји сè уште ќе искусат зимски температури со почетокот на календарската пролет, додека други ќе се борат со потенцијално опасни временски прилики кон крајот на пролетта, прогнозира AccuWeather во својата пролетна временска прогноза за 2023 година.

Центарот за предвидување на климата официјално објави дека не е во тек формирањето на Ел Нињо ниту Ла Ниња. Оваа неутрална фаза се очекува да трае од крајот на пролетта до почетокот на летото, а може да премине во Ел Нињо во текот на летните месеци.

Ладен воздух, зимски услови и снег

Метеоролозите на AccuWeather го зедоа тоа предвид кога ја направија временската прогноза за оваа пролет во Европа. Тие тврдат дека низ Европа од крајот на март до почетокот на јуни низ северна Европа ќе преовладува студен воздух, додека во источните делови ќе има благи временски услови, но на југ може да има невреме.

Така, март може да донесе зимско време, па дури и снег. Делови од Скандинавија и алпскиот регион веројатно ќе се соочат со снежните врнежи, додека многу делови од континентот ќе бидат под историскиот просек.

Временскиот феномен наречен ненадејно стратосферско затоплување ќе игра голема улога во создавањето студени услови низ поголемиот дел од северна Европа во првата половина на март. На секои неколку години тоа се случува поради нарушувања во горните слоеви на Земјината атмосфера каде што се наоѓа поларниот вител – појас на студени западни ветрови кои циркулираат околу поларните региони на Земјата. Повремено, може да има ослободување на ладен воздух кој претходно бил заробен во вителот, кој потоа многу брзо се спушта од стратосферата на површината. Во исто време, постои големо зголемување на температурата во стратосферата.

Сепак, студеното време кое преовладуваше на северот од континентот на почетокот на март на крајот ќе премине во поблаго, помирно време кое ќе продолжи во текот на целата рана пролет.

Ненадејно затоплување

Силно затоплување се очекува и во април. Температурите низ Британија може да се приближат до историските просеци до крајот на април, но синоптичарите на AccuWeather веруваат дека тоа нема да биде постепено затоплување.

– Во Велика Британија и Ирска, температурите би можеле да бидат многу ниски до крајот на април, а потоа би можеле да се избалансираат и да бидат блиску до историскиот просек, вели метеорологот на AccuWeather, Тајлер Рос.

Проблеми со суша, но и невреме и поплави

Во март може да има проблеми поврзани со сушата во Велика Британија, Ирска и делови од Франција. Февруари, исто така, забележа значителен недостаток на дожд.

Од друга страна, дел од синоптичарите се загрижени поради можноста од поплави во Италија и на Балканот. Имено, тие предвидуваат невреме и зголемување на количината на пролетни врнежи во јужните и централните делови на Европа.

– Со оглед на тоа колку е топло Средоземното Море, бурите би можеле да доведат до дополнителна влага, што би го зголемило ризикот од поплави. Ова е особено загрижувачко за западните падини на Апенините и Динарските Алпи, велат синоптичарите.

Пролетните врнежи и дождови ќе ни бидат од корист во алпскиот регион за да помогнат во обновувањето на нивото на реките што произлегуваат од потпросечните зимски врнежи. Синоптичарите велат дека снежните наноси во поголемиот дел од швајцарските, австриските и италијанските Алпи се 60-70 отсто под нормалата за почетокот на март.

Недостатокот на снег на италијанските Алпи ќе игра значајна улога во создавањето на соодветни нивоа на водата на реките во текот на оваа пролет. Топењето на снегот од италијанските Алпи секоја година помага да се ублажат проблемите со наводнувањето во долината на реката По, која се влева во Јадранското Море во близина на Венеција.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена