Вести
Покренато обвинение против Доналд Трамп – Прв поранешен претседател на САД кој е кривично гонет

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е обвинет во врска со наводите дека за време на претседателската кампања во 2016 година и платил на порно актерката Сторми Даниелс да молчи за нивната наводна секс афера, потврди правниот застапник на Трамп, Џо Такопина.
Според обвинението, Трамп наводно и платил на Даниелс 130.000 долари кон крајот на октомври 2016 година, неколку дена пред претседателските избори, за да ја спречи да излезе во јавноста за нејзината наводна афера со Трамп една деценија порано.
Ова е прва кривична постапка против поранешен претседател на САД. Трамп неодамна ја објави својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година. Поранешниот американски претседател го означи обвинението како политички прогон и мешање во изборниот процес.
Трамп, кој ги негира обвинувањата и силно ги критикува истражителите, се очекува да им се предаде на властите следната недела, објави АП, повикувајќи се на неименуван извор.
Според Би-Би-Си, самото плаќање не е кривично дело, но Трамп наводно го евидентирал како деловен трошок. Фалсификувањето деловни документи е нелегално во Њујорк.
Против Трамп се отвворени уште две истраги, едната во врска со доверливи документи пронајдени во неговата куќа на Флорида, а другата во државата Џорџија во врска со влијанието за промена на резултатите од изборите.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение