Вести
Отровен чад се шири по голем пожар во магацини во германскиот град Хамбург
Два магацини од утрово се во пламен во северниот германски пристаништен град Хамбург, јави ДПА. Противпожарната бригада предупреди на опасност од вдишување на чад и можните хемиските компоненти кои може да ги содржи воздухот поради пожарот.
Облакот чад се движи од магацините во градскиот кварт Ротенбургсорт во правец кон центарот на градот.
Претставници на противпожарната бригада првично не можеа да дадат никакви информации што го предизвикало големиот пожар во текот на ноќта или што точно имало во запалените магацини.
Во официјалното предупредување, пожарот и облакот чад што се шири се класифицирани како „екстремна опасност“.
Од локалните жители е побарано да не ги отвораат прозорците и вратите и да се заштитат од чадот во широка област во североисточниот дел на Хамбург.
Германскиот железнички оператор Дојче Бан исто така најави дека поради пожарот мора да бидат затворени шините меѓу Хамбург и Бухен. Во тек се напори за гаснење на пожарот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот