Поврзи се со нас

Македонија

Празник Рамазан Бајрам за исламските верници

Објавено

на

Верниците од исламската вероисповед денеска го слават верскиот празник Рамазан Бајрам
со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на едномесечниот пост.
Рамазанските пости претставуваат една од основните обврски на муслиманските верници.

Прославата за рамазанскиот – Бајрам трае три дена. На првиот ден се извршува утринска молитва
– Бајрам Намаз,во состав на прославата се разменуваат подароци и се посетуваат
роднините и пријателите.
Исламското учење вели дека во светиот месец Рамазан е објавена светата книга Куран.

„Во овие празнични денови насекаде се подава рака на милосрдието бидејќи овој празник буди радост и среќа во нашите семејства и во нашите срца, ја зајакнува меѓучовечката љубов. Но, во овие среќни празнични денови, Рамазан нè учи да не ги забораваме нашите луѓе кои имаат потреби: сиромашните, бездомниците, сираците, но и нашите исламски институции. Затоа, на крајот на Рамазан сме обврзани со делење на садакатул фитр, како што нè информирал Пратеникот на Алах дека со делење садакатул фитр го прочистуваме нашиот пост од евентуални пропусти. Со еден збор, Фитр Бајрам е триумф на доброто над злото, на духовното над материјалното, на моралот над неморалот, на трпението над нетрпеливоста, на божественоста над сатанското. Сето ова нè прави да бидеме луѓе од акција, луѓе кои повикуваат да се негуваат и прават добри дела и луѓе кои го спречуваат она што е лошо“, порача по повод празникот Шаќир Фетаи, Поглавар на Исламската верска заедница.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена