Македонија
Секој граѓанин лани создал 467 килограми отпад
Вкупното количество на создаден комунален отпад во земјава во 2022 година изнесува 856 766 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител е 467 килограми, што е за 3.3 % повеќе од 2021 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Македонија во 2022 година изнесува 605 638 тони. Споредено со 2021 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2022 година бележи намалување од 4.2 %.
Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 172 288 тони или 28.4 % од вкупното собрано количество. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 506 257 тони или 84 % се од домаќинствата, а останатите 16 % од правни и физички лица (комерцијален отпад).
Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 494 693 тони или 81.7 %, а најмало количество има отпадот од гума – 1 487 тони или 0.2 % од вкупното количество собран комунален отпад.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот