Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Намирници што се препорачуваат замрзнати

Објавено

на

Има храна и намирници за коишто се верува дека се најмалку исто толку здрави кога се купуваат замрзнати, како и свежи, истакнува нутриционистката Ријанон Ламбер. Таа напоменува и дека намирниците ја задржуваат својата хранлива вредност и откако ќе минат одредено време во замрзнувач.

„Замрзнатата храна, како што се овошјето, зеленчукот, рибата и месото, па дури и лебот, збогатен со витамини и минерали, се подеднакво хранливи како свежите. Замрзнатите производи обично се поевтини од повеќето свежи производи, па затоа е одлична опција доколку сакате да заштедите пари. Овој избор замрзнати производи може да биде и одличен начин за намалување на отпадот од храна бидејќи работите може да се замрзнат и да се дојадат подоцна“, вели стручњакот.

Замрзнатиот грашок е многу поевтин за купување од свежиот и важи за лесен додаток на секој оброк. Исто така, содржи доволно количество влакна, антиоксиданси и витамини, како и минерали здрави за срцето, како што се магнезиум, калиум и калциум.

Љубителите на сечкан кромид веројатно знаат дека лупењето и сечкањето тенки чешниња може да биде мачно… Така, чување ќесичка со замрзнат и сечкан кромид во замрзнувачот заштедува време и пари.

Кромидот нема да го загуби својот вкус кога е замрзнат, но може да изгуби дел од својата моќ. Неговата главна активна состојка – алицин може да го поддржи имунолошкиот систем во борбата против вирусите.

Брокулата е уште еден од зеленчук што оди со повеќе оброци и дава хранлива вредност и кога е замрзнат. Добро е за здравјето на цревата, како и за управувањето со тежината, здравјето на мозокот, воспаленијата и имунолошкиот систем.

Ниту замрзнувањето риба не ја намалува нејзината хранлива вредност, советува Ријанон. И со тоа сепак ќе може да се ужива во придобивките од омега-3 масните киселини и витамините Д и Б-2 што таа ги содржи, но и по пониска цена.

Бобинките додадени во оброк со јогурт се здрав дел од појадокот. Меѓутоа, честопати една порција свежо овошје содржи само неколку од нив – ако купите замрзнато значи дека ќе добиете повеќе за помалку и ќе траат подолго.

Според истражувања на Државниот универзитет во Јужна Дакота (САД), и замрзнатите боровинки се благотворни, оти содржат повеќе антиоксиданси, коишто може да помогнат во борба против повеќе болести, вклучително и ракот. Замрзнатите малини, пак, се одличен извор на витамин Ц, којшто го зајакнува имунолошкиот систем.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 8 минути

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 45 минути

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Здравје и убавинапред 16 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 17 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 20 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 22 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 24 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 1 ден

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена