Македонија
Децата раѓаат деца…17 бебиња лани родени од девојчиња помали од 15 години
Според податоците на Државниот завод за статистика, минатата година, во Македонија се родени вкупно 18.183 деца, од кои живородени се 18.073, а мртвородени 110. Бројот на живородените деца во 2022, во споредба со претходната година, е намален за 3,1 %.
Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа од 51,2 %. Според месецот на раѓање, најголем број раѓања, 1.717, имало во месец јули. Според возраста на мајката, најголемо учество од 33,2 % имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29,4 години, а кај прворотките 27,7 години. Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1993 година.
Лани се регистрирани 17 новороденчиња од мајки на возраст помала од 15 години, стои во соопштението од заводот. Вонбрачни живородени деца се 2.298 или 12,7 % од вкупниот број.
Според податоците на Државниот завод за статистика во Гостивар лани се родиле 588 бебиња, од кои 56 во вонбрачна заедница. Во Врапчиште се евидентирани 163 новородени, додека во Маврово и Ростуше 27.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот