Поврзи се со нас

Вести

Алијанса за Албанците: ДУИ и СДСМ се тие кои прават опструкции и прекршуваат правила

Објавено

на

 

Советничката група на Алијанса за Албанците во Советот на општина Гостивар денес на прес даде коментар за текот на вчерашната седница и донесените одлуки за отфрлање на решенијата за оспорување на изборот на претседател. Координаторот на групата, Њомза Шаќири нагласи дека бил прекршен правилникот за работа на Советот, дека членовите од мнозинството вршеле опструкции и не прифатиле предлог кој е важен за вработените во училиштата.

„Како координатор на групата на советници од Алијанса, БЕСА, ВМРО ДПМНЕ и ДНЕТ, сакам да ја информирам јавноста за тоа што се случуваше. Иако 31 советник гласаа против записникот од претходната седница, седницата продолжи и на тој начин се прекрши правилото за одвивање на една седница на советот на општината. Ние бевме обвинети дека правиме опструкции , но очигледно беше дека групата на советници од ДУИ и СДСМ се тие кои прават опструкции. Како пример ќе го посочам фактот што не го изгласаа предлогот за прераспределба на средства во буџетот наменети за вработените во образованието. Исто така, прашуваме зошто се повикува полиција секогаш кога има седница на советот.“, рече Шаќири.

На вчерашната седница на Советот, мнозинството го потврди изборот на Насир Муслиу од ДУИ за претседател со отфрлање на решението за оспорување од страна на градоначалникот. Во меѓувреме покрената е постапка пред Инспекторатот за локална самоуправа за законитоста на процедурата за изборот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена