Поврзи се со нас

Вести

Кривична за две лица – го оштетиле гостиварското шумско за над половина милион денари

Објавено

на

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар при секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава  против двајца жители на гостиварското село
Чегране на возраст од 26 и 23 години, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “соизвршителство“  во врска со  “пустошење на шума“. МВР соопшти дека пријавените, подолг временски период, во државна шума атар на село Корито, на местото викано „Горен Јелов Дол“, со моторна пила вршеле бесправна сеча на 287 букови стебла, а потоа исечените дрва со  возило  ги превезувале до неутврдена локација. На почетокот на септември, пријавените во село Корито  на местото викано „Горен Јелов Дол“ биле затекнати од жители  на село Корито,  како превезуваат огревни дрва, по што почнале да бегаат, и на местото викано „Ливади“ ги растовариле дрвата. По извршен увид биле пронајдени  287 пенушки од букови стебла, а на влезот од шумата била пронајдена  бесправно исечена дрвна маса од буково огревно дрво од околу 19 метри кубни.

На овој начин пријавените ја оштетиле ЈП-Македонски шуми ШС-Шар Гостивар со 43.21 метри кубни дрвна маса, односно за 583.335 денари.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена