Вести
Паричка во лепчето за Бадник или за Василица?
Во Гостивар и околните села најчесто лепче со паричка се прави за Бадник. Кога целото семејство седнува на бадниковата посна трпеза, најстариот во куќата го крши лепчето.
Сепак, според православното учење лепчето со паричка треба да се крши на празникот Василица. Од каде потекнува овој обичаи и зошто како таков постои во црковните традиции?
Во времето на свети Василиј, епархот на Кападокија редовно доаѓал и го ограбувал градот, при што имало многу жртви. Василиј за да го спречи убивањето на народот, ги повикал сите луѓе, своите златници и накит да ги стават на едно место за да можат да ги сокријат и да се спасат. Епархот бил убиен, но Василиј се нашол на голема мака, затоа што не се знаело кое злато кому припаѓа. Тогаш тој ги замолил готвачите да направат лепчиња и во нив да го стават златото. Лепчињата им ги поделил на луѓето и така никој не бил оштетен.
Лепчето со паричка треба да се крши на три дела, во името на Господ Исус Христос, Пресвета Богородица и Василиј Велики. Потоа тие делови се разделуваат на сите домашни.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот