Македонија
Бесплатни обуки: Можност за невработените да ги усовршат информатичките вештини
Невработени лица со основни познавања од информатичките технологии, и желба да ги надградат и да се стекнат со меѓународни сертификати можат да се пријават за бесплатна обука за напредни ИТ вештини. Агенцијата за вработување го отвори огласот на 23 јануари, а пријавувањето е во тек се додека не се формираат групите.
Право на учество имаат кандидати кои се евидентирани на листата на невработени лица и имаат завршено средно или високо образование.
„Обуките ќе се спроведуваат во период од 3 до 6 месеци од денот на формирање на конечните ранг листи вклучувајќи настава со користење на официјална литература, подготовка на кандидатите за сертификација и спроведување на испити за стекнување со меѓународно признат сертификат. Овие обуки ќе ја зголемат вработливоста на 100 невработени лица во Македонија и ќе обезбедат можност за стекнување на професионални вештини и квалификации за одредени работни места кои се барани на пазарот на трудот.“, стои во огласот.
Пријавувањето на заинтересираните се врши во Центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот