Вести
Православните верници го одбележуваат празникот Прочка
Денешниот ден за православните христијани е ден за меѓусебно простување, празник Прочка или Велики Поклади. Според верувањата, Прочка е ден на искрена и пожртвувана љубов кон ближните и следење на примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Обичајот е денес помладиот да побара прошка од постариот.
Празникот во семејството се одбележува со богат заеднички ручек, кој завршува со амкање јајца.
Прочка важи за подвижен празник, а датумот зависи од празнувањето на Велгиден. Она што не се менува е денот и Прочка е секогаш во ден недела, односно седум недели пред Велигден.
Традицијата на барање проштевање, пред почетокот на Велигденските пости во православниот свет има свои корени во древните палестински и египетски манастири. За време на Великиот пост, монасите ги напуштале своите братства и постот го минувале длабоко во пустината. Пред излегувањето од манастирот, сите монаси се собирале и барале прошка еден од друг, а дури потоа тргнувале во пустина.
Првиот ден по Прочка е чист понеделник, прв ден од големиот Велигденски пост, кој е најстрог и најдолг и трае 48 дена.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот