Поврзи се со нас

Вести

Над 200 деца на листа на чекање за градинка во Гостивар

Објавено

на

Трите градинки во склоп на Јавната установа „Детска Радост“ во Гостивар, се претесни за да ги соберат сите дечиња пријавени за упис. Кај родителите постои се поголем интерес, што ја прави листата на чекање долга. Моментално на листата има над 200 деца. За да може да се задоволат потребите и барањата на родителите, неопходно е да се изгради барем уште еден објект.

„Листата на чекање се намали, но сепак е голема. Се надевам дека во 2019-та година, од страна на Министерството за труд и социјала ќе имаме одобрен проект за изградба на нова градинка со капацитет од 100 деца. Сепак, за сега не можеме ништо со сигурност да кажеме, треба да почекаме да видиме што носи времето. Нова градинка би била најголемата радост за родителите и дечињата во Гостивар“, изјави Наташа Саздовска, директор на Јавната установа „Детска радост“

Најголеми реакции на незадоволство поради недостиг на градинка, до сега стигнувале од родители од околните гостиварски населби: Дутлок, Циглана, Малеарди и други. Тоа се должи на фактот што објектите на трите градинки: Пролет, Цветови и Пчелка се лоцирани прилично блиску еден до друг.

На последната седница на Советот на општина Гостивар беа усвоени одлуки со кои се овозможи отворање на Центри за ран детски развој, еден вид градинки за престој на деца од 3 до 5 години, во Чегране, Равен и Форино.
Инаку, во гостиварските градинки бројката на згрижени деца се движи околу 720, што го надминува капацитетот и резултира со преполни групи со над 35 деца.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 40 минути

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 час

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 4 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 5 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 5 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 6 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 7 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Здравје и убавинапред 21 час

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена