Здравје и убавина
Калинка…Сочната црвена убавица
Калинката е овошје кое потекнува од Персија и се користело во исхраната и медицината уште во праисториско време. Култ кон калинката бил развиен во кинеската, египетската и други древни култури. И во денешно време за многумина е омилено сочно овошје. Има и зошто!
Калинката покрај неповторливиот освежителен вкус претставува многу силен сојузник на имунитетот. Вистинска ризница е на витамини кои му се неопходни на организмот во борбата против вирусите и настинките. Изобилува со Ц витамин, неопходен за синтеза на колаген, како и витамин К и фолна киселина. Нутриционистите ја сметаат за „супер храна“ со оглед на тоа што има содржи антиоксидативни состојки кои го намалуваат холестеролот и високиот крвен притисок.
Истражување, кое било објавено во списанието Clinical nutrition покажало дека придобивките за здравјето од калинката и сокот од ова овошје одат во прилог на спречување на ширење на рак на дојка, намалување на ризикот од остеоартритис како и ризикот од болести на срцето и крвните садови.
Оние што сакаат да изгледаат помлади, треба да ја вметнат калинката во своето секојдневно мени. Исто така се препорачува и за жените кои поминуваат низ климактериум.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот