Поврзи се со нас

Вести

Трибина на тема Ментално здравје во Универзитетот Визион во Гостивар

Објавено

на

Меѓународниот универзитет Визион-Гостивар се вклучи во одбележувањето на Денови на психологијата 2018, организирани од Националната платформа на Комората на психолози на Република Македонија со цел унапредување на менталното здравје.  Денес во просториите на универзитетот се одржа трибина на тема: Ментално здравје: кому да се обратам кога ми е тешко?, наменета за средношколците од гостиварските училишта.

Средношколците се запознаа со термините за менталното здравје, се промовираше работата на психологот и неговата дејност како чувар на менталното здравје. Исто така беа опфатени неколку теми од менталното здравје кои најмногу ги допираат адолесцентите. „Незнаењето и бесчувствителноста на карактеристиките на одреден период од животот, погрешни постапки, непрепознавање на раните знаци на одредени потешкотии, како и моралната конфузија може да донесе до загрозување на менталното здравје на младите. Кај младите се сѐ повеќе и повеќе присутни конзумирањето алкохол, дрога, цигари, пореметувања во исхраната, депресија, самоубиства, емоционални потешкотии и проблематично однесување.“, беше речено на настанот.

Предавачи на трибината беа лиценцираниот психолог и декан на Факултетот за општествени науки при Меѓународниот универзитет Визион-Гостивар доц. д-р Калина Сотироска Иваноска, Муедин Кахвеџи, доктор на психолошки науки и м-р Хава Шабани, професори на Факултетот за општествени науки при Меѓународниот универзитет Визион-Гостивар.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена