Вести
Колегите од Порта Нигра со песна во спомен на Стеве и Боби
Колегите музичари од првиот гостиварски поп рок бенд Порта Нигра, им посветија песна на прерано починатите другари и членови на групата, Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов.
Музиката и текстот ги напиша Атанасис Елинидис, песната ја пее Христос Елинидис-РУС, снимена е и продуцирана во студиото на Ивица Брчиоски, а видео монтажата ја направи Владимир Наумоски.
Стеве и Боби заминаа во вечноста, минатата година. Песната е објавена по повод годишнината од нивната смрт.
Бендот Порта Нигра во свое време беше забележителен на македонската музичка сцена, благодарение на песните кои ги создаде Јаковлески: Каде одат сите девојки, Гордана, Блуз интродакшан и други. Учествуваа и на Макфест во 1991 година со песната Прости ми на Ванчо Димитров.
Музичарите изразија благодарност до Делче Ицков за пружената поддршка за реализација на песната.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот