Култура
Конкурс за поезија – Гостивар се подготвува за „Литературни искри 2019“
Започнаа подготовките за овогодинешното издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар, кој по шести пат се организира во чест на 24-ти Мај, Денот на Словенските просветители Св.Кирил и Методиј. Од денес тече конкурсот за учество во кој се прецизирани правилата за пријавување.
Како што е наведено во конкурсот, право на учество имаат поетите од Македонија и од Балканските земји, и тоа во две возрасни категории, до 18 години и над 18 години. На конкурсот учествуваат со испраќање на три необјавени песни, не подолги од 32 реда, напишани на мајчин јазик (учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик, задолжително доставуваат препев на македонски или на англиски јазик). Темата и формата на песните се слободни. Творбите се испраќаат на електронската адреса на фестивалот: literaturniiskri@yahoo.com., заедно со лични податоци за авторот, најдоцна до 11 април.
Како и секоја година, изборот на најдобрите ќе го направи стручна комисија. Фестивалот издава и заедничка збирка во која ќе бидат застапени автори за кои селекцијата ќе ја изврши комисијата.
„Ги покануваме сите афирмирани поети, како и младите талентирани поетски пера да се пријават. Најдобрите ќе настапат на поетското читање во Гостивар и ќе се борат за фестивалските награди, кои се состојат од статуетки и книги. Секоја година интересот е се` поголем, а уште поважно е што имаме се` поквалитетна поезија. Веруваме дека така ќе биде и за шестото издание на манифестацијата, со која Гостивар може да се гордее“, велат од Здружението за култура и заеднички вредности „Слово 21“, организатори на фестивалот.
Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура.
Gostivarpress.mk е медиумски покровител на фестивалот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот