Гостивар
Се шират морбилите во Гостивар, заболени уште шест лица
Регистрирани се нови случаи на мали сипаници (морбили) на подрачјето на Гостивар. Институтот за јавно здравје, денес го објави најновиот извештај за состојбата со болеста, кој ги опфаќа деновите од 23 до 29 март.
Според податоците, во Гостивар има шест новозаболени од морбили. Од нив пет се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Со новите случаи, Гостивар достигна бројка од вкупно 15 заболени.
Од почетокот на епидемијата во Скопје, во декември 2018 заклучно со денес (29 март), во земјава се регистрирани 767 случаи на мали сипаници. Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 20 градови, од кои 521 случај од Скопје, 63 од Тетово, 61 од Куманово, 27 од Струга, по 18 случаи има во Гевгелија и Дебар, 15 се од Гостивар, 12 од Велес, 11 од Кичево, по четири од Кочани и од Штип а во останатите девет градови се регистрираат спорадични случаи.
Активни епидемии на мали сипаници во моментот има во шест здравствени региони (Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Кичево и Струга).
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот