Поврзи се со нас

Гостивар

НП Маврово го промовираше проектот за обука на професионални водичи во планина

Објавено

на

Националниот парк „Маврово“ го промовираше проектот за обука на професионални водичи во планина и додели уверенија на 12  учесници за завршена прва фаза од обуката. Проектот се реализира со поддршка на мрежата на заштитени подрачја „Паркови Динариди“, а главни цели се подобрување на соработката со локалното население и создавање услови за негова поголема вклученост во работата на локалните институции.

„Идејата да реализираме токму ваков проект дојде поради евидентната потреба од едуциран и професионално обучен кадар во областа во која нашиот парк и нашата земја има огромна потреба од истиот. Но, исто така еден од главните мотиви ни беше создавање на услови за задржување на жителите и стопирање на исселувањето кое претставува еден од поголемите проблеми со кои државата а посебно нашиот регион веќе долги години се соочува. Ваков кадар е важен за развој на туризмот и одговора на потребите на туристите и бизнис секторот, со оглед на фактот дека туризмот како економска гранка, од ден на ден станува сé побитен елемент во регионот“, рече во своето излагање, директорот на НП Маврово, Самир Ајдини.

На настанот се обратија и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски и претседателот на Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина, Костантин Циривири.

Промоцијата беше искористена и за врачување на службени легитимации за 18 лица вработени во секторот за заштита, како чувари во заштитено подрачје. Присутните имаа можност да се информираат и за новата туристичка веб страница на НП Маврово, која наскоро и официјално ќе биде ставена во функција.

НП Маврово годинава одбележува значаен јубилеј, 70 години од формирањето, кој ќе биде прославен со нови проекти и повеќе активности.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена