Македонија
Рекордни 126 нови случаи на морбили во земјава – во Гостивар еден новозаболен
Малите сипаници продолжуваат да се шират меѓу населението. Според податоците од Институтот за јавно здравје, во земјава во периодот од 6 до 12 април регистрирани се 126 случаи, што е најмногу до сега, за време од една седмиц. Епидемиолозите оценуваат дека болеста нема да стивне во скоро време, а наредната недела надлежните ќе одлучуваат дали ќе биде прогласена епидемија на целата територија на државата.
Активни епидемии на мали сипаници во моментот има во шест здравствени региони:Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Кичево и Струга.
Во последниот извештаен период во гостиварскиот регион е евидентиран уште еден новозаболен од морбили, лице кое, според информациите на Институтот за јавно здравје, не било вакцинирано воопшто со МРП. Со него вкупниот број достигна 17.
Здравствените работници потврдија дека во земјава има неколку случаи на трудници кои фатиле мали сипаници, поради што им се искомплицирала бременоста или го загубиле плодот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот