Поврзи се со нас

Гостивар

Апел од еко активистите во Гостивар: Животната средина е загрозена, треба еколошка едукација, но и казни

Објавено

на

На Светскиот ден за заштита на животната средина, 5-ти јуни еколошките активисти од Гостивар предупредуваат дека состојбите со загадувањето и негрижата за околината се алармантни, а последиците може да бидат фатални. Нагласуваат дека е неопходно подигнување на еколошката свест и вклучување на сите поединци и институции за надминување на проблемите.

Доктор Ахмет Салмани, претседател на Здружението Гв Еко вели дека животната средина е загрозена од секој аспект, водата е нечиста, воздухот загаден, а природата се уништува.

„Ова веќе е криза. Состојба за аларм. Не само локално, туку глобално. Сите ние треба да се освестиме дека животната средина ни треба за живот и како што го почитуваме домашниот амбиент, одржуваме уредно, чисто, така треба да се однесуваме и надвор од дома. И не само тоа, туку секој од нас треба и да се акивира, да протестира, да лобира, да се залага за почиста животна средина.“, потенцира Салмани, додавајќи дека на граѓаните им треба еколошка едукација, но инспекторите треба и да казнуваат.

„Да има и едукација, подигнување на свеста, но и казнување. Еден дел на популацијата не реагира на ништо, освен на казни“, вели тој.

Светскиот ден за заштита на животната средина е востановен во 1972 година од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации и се одбележува  во над 100 земји ширум светот. Целта е да се подигне свеста за заштита на околината и за еколошкиот начин на живеење како и да се поттикне носење мерки за заштита.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена