Гостивар
Во Гостивар во тек е пријавување за право на социјална пензија
Во Центарот за социјална работа во Гостивар, минатата недела започна пријавувањето за остварување на право на надоместок, согласно Законот за социјална сигурност на стари лица, којшто е дел од социјалната реформа. Надоместокот се однесува на лицата над 65 годишна возраст, коишто немаат други извори на егзистенција.
За остварување на ова право, заинтересираните треба да поднесат барање во Центарот и да достават неколку документи, како лични карти од двајцата сопружници, потврди од банка и од Фондот за пензиско дека не се приматели на старосна пензија. Одредедена друга документација, социјалните служби ја обезбедуваат по службен пат од останатите институции.
Право на надоместокот за социјална сигурност на стари лица, имаат сите лица над 65 години, коишто се македонски државјани најмалку 15 години, и не примаат старосна пензија, вклучувајќи ги и лицата без ден работен стаж.
За домаќинствата каде што и мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална сигурност, надоместокот ќе го користи само еден член, бидејќи станува збор за право од социјалната заштита и не е поврзано со пензиското и инвалидското осигурување, објаснуваат од Министерството за труд и социјала.
Социјалната пензија ќе изнесува 6.000 денари месечно.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот