Гостивар
Повеќе гостиварски села ќе добијат нова канализациска мрежа
Општина Гостивар преку Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ – Гостивар, работи на проширување на канализциската мрежа во повеќе села, при што пристап до канализација ќе имаат нови 10 отсто од вкупното население во општина Гостивар.
Во село Чајле се работи на канализациската мрежа со вкупна должина од 3.022 метри, каде што по завршување на работите, сите домаќинства од селото ќе имаат пристап до канализација.
Пред завршување се работите за изградба на канализација во село Горна Бањица во должина од 3.199 метри, со што ова село кое досега немаше воопшто канализација, целото ќе биде опфатено со канализациска мрежа.
Од друга страна, продолжуваат работите за изградба на канализација во село Беловиште, а деновиве започна и изградбата на канализација во дел од населба Бањешница во должина од 180 метри.
Во село Здуње, завршена е изградбата на канализациската мрежа, во тек се работите за доведувањето во првобитна состојба, односно се асфатираат деловити од улиците каде се вршеа градежни работи.
“Ова подразбира дека околу нови 10 отсто од населението на општина Гостивар, кои досега не биле приклучени на канализациска мрежа, веќе се или наскоро ќе бидат приклучени. Планираме во блиска иднина да продолжи проширувањето на канализациската мрежа и во неколку околни села каде нема канализација во одредени делови, како што е случајот во село Равен, како и во неколку градски населби каде што недостасува канализација во неколк улички“, вели Исак Лазами – директор на ЈП Комуналец.
Ова претпријатие актуелно работи и на инсталација на нова водоводна линија во село Чајле во должина од 450 метри.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот