Гостивар
Таравари: Судот пресуди во наша корист, „доценте“ врати ги ингеренциите во образованието
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари преку својот профил на Фејсбук соопшти дека Управниот суд ја уважил тужбата на Општина Гостивар, против решението на министерот за образование за одземање на ингеренциите за назначување и разрешување на директори во училиштата. Таравари ја објави пресудата на Управен, која датира од 5 јули, и во која пишува дека решението на министерот од 13 февруари годинава, за одземање на надлежностите, се поништува.
,,Министерот за ,,ингеренции” и ,,докторот по правни науки”, според Управниот суд немал право кога ги одзел ингеренциите за образование на Општина Гостивар.
Почитуван ,,доценте” врати ги ингеренциите, јавно извини се и поднеси си неотповиклива оставка, не поради мене, туку поради учениците и наставниците во Гостивар, кои ги малтретираш сега веќе 2 години!Правдата излезе на виделина! “, напиша Таравари.
Ова е одлуката која градоначалникот ја објави:
„Војната“ меѓу Општина Гостивар и Министерството за образование трае скоро две години. Министерството во два наврати му ги одзема на Таравари надлежностите за именување и разрешување на директори во училиштата, и по донесување на решенијата ги враќа старите кадри на раководните позиции.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот