Поврзи се со нас

Гостивар

Нема повеќе „ало“ на службен трошок во Општина Гостивар

Објавено

на

Гостиварската локална самоуправа ги укинува службените телефони. Почнувајќи од овој месец,  сите трошоци за мобилен телефон, вработените ќе си ги плаќаат од свој џеб. Оваа новина преку фејсбук статус ја објави градоначалникот Арбен Таравари, а е дел од кампања за штедење на општинските пари.

„Ниеден вработен во општина Гостивар, од почет на месец август 2019, нема да користи службен телефон. #ДаГоШтедимеБуџетот“. напиша градоначалникот дообјаснувајќи дека ниту тој самиот нема да има поволности и укинувањето на службениот телефон ќе важи и за него.

Трошоците за мобилни телефони првично ја чинеле општината околу 100 илјади денари месечно, потоа се намалиле на околу 60 илјади, а локалната власт тврди дека од август па натаму тие се сведуваат на нула (0).

„Во план е намалување и на други трошоци. Наша цел е парите наместо да се насочуваат кон покривање на такви трошоци, да се наменат за реализација на проекти и инвестиции за доброто на граѓаните“, вели секретарот на општината Назми Јусуфи.

 

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена