Поврзи се со нас

Гостивар

Традицијата продолжува – масовна прослава на Божиќ во Гостивар

Објавено

на

Православните верници денеска го прославуваат големиот христијански празник, денот на раѓањето на Исус Христот – Божиќ. Утрово, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар беше исполнета со верници од сите возрасти, кои ја споделија празничната радост. Во овој свет храм се одржа централното одбележување на Божиќ. Со Светата Архиерејска Литургија чиноначалствуваше Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение со свештенослужителите од гостиварското архиерејско намесништво.

Традицијата на прославување на рождеството христово во Гостивар се негува скоро три децении. „Не` радува што традицијата секоја година се проширува, не само во црквата „Пресвета Богородица“, туку и низ малата во Гостивар. Самиот празник Божиќ значи дека ние треба да го љубиме Господа, а тој пак, ни возвраќа со здравје и мир. По мое длабоко убедување, црквата е место кадешто престануваат партиските спротивставености и сите треба да се сплотат за доброто на Македонија.“, рече новинарот Киро Кипроски, еден од иницијаторите на божиќната традиција во Гостивар.

Празнични честитки, како дел од организацискиот одбор упати и д-р Никола Петровски: „Многу ми е мило што сме сите вака собрани на овој голем празник. На сите им посакуваме најпрво здравје, благосостојба во семејството, радост и бериќет“.

Граѓаните кои присуствуваа на литургијата, со молитва за мир и спасение, запалија свеќи и оставаа дарови. На крајот од литургијата, оние кои ги постеле шестнеделните пости се причестија.

„Христос се роди-Навистина се роди!. Имајте радосен и благодетен празник. За многу години.“, порача Владиката г.Јосиф, кој потоа ја благослови заедничка трпеза во дворот на црквата, подготвена од овогодинешните кумови.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Бизниспред 39 минути

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 2 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 3 часа

Драстична промена на времето, пороен дожд, грмежи и ветер

Македонијапред 4 часа

Денес е Велики четврток, првите велигденски јајца вапсани пред изгрејсонце

Македонијапред 15 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 17 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 21 час

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 22 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 1 ден

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена