Вести
„Препораките за заштита од корона да се почитуваат максимално“
„Повторно апелирам до сите на кои им е пропишана мерката домашна самоизолација доколку патувале во ризичните региони да внимаваат и да се придржуваат на сите мерки што ние како Министерство за здравство по неколку пати на ден ги повторуваме дека загрозувањето на јавното здравје е многу сериозен прекршок и никој нема да биде поштеден од одговорноста. Потенцирам дека одговорност ќе има за секој којшто нема да се придржува до пропишаните мерки. Сакам да повикам на разумност, максимално почитување на апсолутно сите препораки“, истакна вчера при објавување на нов случај на корона во земјава, министерот за здравство Венко Филипче.
Четвриот потврден заболен во Макеоднија е директорката на Клиниката за кожни болести во Скопје, која по враќањето од Италија не ги почитувала препораките за самоизолација и одела на работа. Клиниката од вчера е затворена, а во домашна изолација поради контакти со заболената се ставени околу 200 луѓе.
Вкупната броја на заболени од корона достигна седум, откако вчеравечер беа потврдени уште три случаи.
Домашната изолација подразбира 24 часовен престој во домашни услови, во текот на 14 дена:
- престој во посебна просторија (по можност),
- задолжително носење на заштитна маска (хируршка маска),
- самопроверка – мерење на телесна температура најмалку два пати дневно,
- комуникација со домашните на растојание од минимум 2 метри,
- зачестено, темелно миење на рацете во траење од најмалку 20 секунди, и одржување на личната и општата хигиена во домот,
- зачестено проветрување на домот, особено просторијата каде престојува лицето во домашна изолација,
- редовно користење на средства за дезинфекција на база на алкохол и хлор,
- возрасните да не одат на работа,
- децата да не посетуваат настава и предучилишни установи.
Доколку се пројават симптоми како на пр. покачена температура и треска, кашлица, отежнато дишење, понекогаш малаксаност, мускулни болки, дијареа, лицето треба да се јави во Епидемиолошката служба во надлежниот Центар за јавно здравје или негова подрачна единица или во Службата “Ало докторе”.
- Бројот за Гостивар – ПЕ Гостивар 076 365 161
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот