Гостивар
Артина Ќазими од Добри Дол е најмлад пратеник во Собранието што се конституираше денес
Под посебни мерки и протоколи за заштита од ковид 19, денес се одржа конститутивната седница на новиот парламентарен состав. Мандатите на новите 120 пратеници, кои граѓаните ги избраа на Парламентарните избори на 15-ти јули, беа верифицирани.
Најмладиот член на македонското Собранието ќе ги претставува граѓаните од шестата изборна единица и доаѓа од селото Добри Дол, Општина Врапчиште. Се работи за 23 годишната Артина Ќазими и е од редовите на Алијанса за Албанците. Ќазими во изјава за медиумите рече дека во Парламентот ќе биде гласот на албанската младина и женската популација. Највозрасни парламентарци се Стојан Миланов од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Илија Николовски од коалицијата на СДСМ.
Во новиот собраниски состав има 43 жени пратенички.
На денешната конститутивна седница не беше избран претседател на Собранието. Со конституирањето на новиот Парламент, официјално почна трката за парламентарно мнозинство. Уставните рокови предвидуваат претседателот на државата Стево Пендаровски за 10 дена да го додели мандатот за формирање на Влада.
Во Собранието, СДСМ со коалицијата има 46 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата – 44, ДУИ – 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12, Левица – 2 и ДПА еден пратеник.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
1 Коментар