Поврзи се со нас

Гостивар

Искачување и света литургија на врвот Голем Крчин по петти пат

Објавено

на

Околу 1.000 верници – планинари, алпинисти, спортисти годинава учествуваа во искачувањето на врвот Голем Крчин, на надморска височина од 2.341 метри и беа дел од светата литургија, што се одржува во чест на празникот Преображение.  Настанот по петти пат го организираа братството од Бигорскиот манастир и сестринството на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица.

„Јубилејната Литургија на врвот на Голем Крчин, по Божја промисла соединета со илјадагодишнината од основањето на Свештената Бигорска Обител, одново привлече голем број народ, кои соединети во една мисла, срце и ум, верно стоеја пред возвишениот крст, барајќи благослов од Бога за нив и за нивните ближни. Во чест на овој голем Јубилеј, повеќе од 1000 верници – планинари, алпинисти, спортисти…, вклучително и неколку од Србија кои допатуваа специјално за овој настан, направија досега невиден подвиг, покажувајќи огромна љубов, духовна радост и почит кон делото на нашата Обител, која веќе десет века е силен спроводник на Преображенската светлина во срцата на нашиот народ. Нивните насмевки беа најголемото сведоштво за примената благодат, а преку восхитот во нивните срца ја изразуваа благодарноста кон нашиот старец и игумен, Владиката Партениј, кој им овозможи учество во еден ваков необичен настан и доживување.“, наведуваат од Бигорскиот манастир.

фото:Бигорски манастир
Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена