Гостивар
Во Гостивар за два дена против грип вакцинирани 70 лица
Вакцинацијата против сезонски грип со бесплатни дози во Гостивар почна вчера (11 ноември), а во првите два дена се потрошиле околу 70 вакцини. Поради ковид пандемијата вакцинирањето не се врши во епидемиолошката служба, како претходните години, туку во објектот на Трудова медицина. За Гостивар обезбедени се 400 дози бесплатни вакцини кои се наменети за ранливите групи граѓани: лица над 65 години, хронично болни, бремени жени, здравствените работници и деца до 5 години.
„Вакцинацијата почна вчера и се одвива без проблеми. Граѓаните доаѓаат во закажаните термини со почитување на мерките за заштита од коронавирус и не се создаваат гужви. Термините до утре(петок) се зафатени, а според најавите кои ги имаме од надлежните во Скопје, нови термини за следната недела ќе бидат пуштени утре“, информираше д-р Лепа Царовска, специјалист по спортска медицина, одговорна за вакцинацијата во Трудова.
Термините граѓаните треба да ги закажат преку матичните лекари.
Деновиве се очекува да почне и вакцинацијата со комерцијалните вакцини, кои ќе чинат по 800 денари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот