Македонија
Центрите за странски јазици и едукација на деца може да се пријавуваат за државна помош
Во рамките на четвриот пакет економски мерки, објавени се јавните повици за издавање на грантови за центри за странски јазици и за едукативни центри за деца.
Согласно јавниот повик регистрираните центри за странски јазици и едукативните центри за деца, може да аплицираат за финансиска поддршка-грант до 24-ти декември до 23:59 часот, на електронската пошта: Cetvrt.Paket@gs.gov.mk, со што добиваат можност за еднократна финансиска помош, во вредност од 43.500 денари по вработен.
Од владината прес служба соопштуваат дека во прилог на барањето за финансиска поддршка преку електронска пошта, правните субјекти треба да ги приложат и следните документи:
· тековна состојба (документ од Централен регистар не постар од 3 (три) месеци;
· уверение за платени даноци и придонеси од УЈП не постаро од 3 (три) месеци и
· список на вработени по даночен обврзник заверен од АВРСМ не постар од 15 (петнаесет) дена.
Барањата за финансиска поддршка за центрите за странски јазици и едукативните центри за деца ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден прв услужен“.
За разгледување на поднесените барања од центрите за странски јазици и едукативни центри за деца, од страна на Владата е формирана Комисија која ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листи на поднесени барања.
Линкови до јавните повици:
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот