Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар лани издадени 113 дозволи, се гради и во пандемијата

Објавено

на

Ковид пандемијата не влијаела врз интензитетот на градење на територијата на Општина Гостивар. Податоците од Општинскиот Сектор за урбанизам дури покажуваат зголемување на издадени дозволи за градба на објекти. Минатата година, која помина во знакот на пандемијата одобрени се 113 градежни барања, што е десетина повеќе од 2019-та.

Треба да се знае дека не сите дозволи се однесуваат на нови градби, туку има и доградувања, измени во посточеки објекти, поставување дворни огради и слично.

„Имаше пандемија, но и градење имаше, се работеше на терен, што се потврдува и со фактот дека до нашите служби беа доставувани барања. Во 2019 година сме имале 285 барања од кои одобрени биле 103, додека минатата година биле поднесени 306 барања, а издадени 113 одобренија. Имаше работа, показателите посочуваат дека имало активности и на терен“, изјави Кадрије Алиу, раководител на Секторот за урбанизам во Општина Гостивар

Во меѓувреме течат процедури околу легализацијата на дивоизградени објекти. Урбанизам ги очекува законските измени во тој дел, за да се отворат вратите за постапување по одредени предмети каде нема целосна документација или не е платен надоместокот.

„Фактички, од 2016 до 2018 година имавме можност барањата да се дополнат со целосната документација, но има и некои кои не ги дополниле, и треба да се одбијат, да се известат. Но, се чека на нов закон за легализација и за таквите предмети повторно да можат да поднесат барање. Има и многу кои не платиле надоместок, кои актуелно се како заостанати предмети, зашто моментално законот не предвидува можности да ги одбиеме, затоа се чека на новите законски решенија“, вели Алиу.

Карактерични барања за градба кои се разгледуваат моментално во Секторот за урбанизам на Гостивар, се однесуваат на поголеми објекти, од 14 ката со локација во атарот на селото Здуње.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена