Гостивар
Хасани: Општина Гостивар е во рацете на банди, корумпирана со скандалозни тендери и плаќања за измислени услуги
Огранокот на Демократската унија за интеграција во Гостивар, го осуди и демантира градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во врска со неговите изјави дека општината има добро рангирање во сузбивањето на корупцијата и работи транспарентно. Претседателот на огранокот на ДУИ, Башким Хасани го тврди спротивното, посочувајќи на скандалозни тендери и нетранспарентно трошење на јавните пари.
„Осврнувајќи се на најновото истражување на Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), во обид да докаже уште еден успех, сегашниот градоначалник на Гостивар ја претставува нашата општина со најниско ниво на корупција во споредба со четири други општини, но тоа е сосема поинаку. Граѓаните проценуваат дека нивото на корупција во општината е зголемено на 72%, а ние проценуваме дека зголемувањето е во последните три години. Дека ова е точно покажуваат скандалозни тендери, исплата на пари на фирми за измислени услуги и слично. Како е можно градоначалникот да промовира асфалтирање на патот во должина од 460 метри, додека на терен се реализирани 400 метри? Каде се 60 метри асфалт што се платени од општинскиот буџет? За рушење на дивоградби, општина Гостивар склучува договор вреден 2 милиони 360 илјади денари, а на сметката на компанијата и се исплаќаат 4 милиони 93 илјади денари. Висината на договорот е надмината, а цела јавност знае дека ниту една дивоградба не е срушена. Зарем не е корупција што дури и кога немаме снег, се вршат плаќања за чистење снег во вредност од 7 милиони 663 илјади денари во последните две години? Градоначалникот за 3 години плати скоро 50 илјади евра ручеци и вечери во ресторани. Овие факти зборуваат за неуспешна, корумпирана локална самоуправа и криминални банди кои од општинската каса си ја финансираат палитичката партија. Неправедно, парите на гостиварци три години по ред, се злоупотребуваат за плаќање на закупнините на партиските штабови ширум државата. Сето ова докажува дека општина Гостивар е во рацете на банди. Но, ова нема да трае долго. Уште седум месеци, во Гостивар ќе заврши феноменот на кражба и криминал што беше потврдено со истражувањето“, посочи Хасани.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот