Гостивар
Санацијата на Русино ќе почне во март, најавија надлежните
Интервентните мерки за контрола на исцедните води од Русино и организациските подобрувања на приемот и отстранувањето на отпадот ќе започнат да се спроведуваат од следниот месец, а надзор на процесот ќе врши Државниот инспекторат за животна средина. Ова е еден од заклучоците од координативната средба иницирана од инспекторатот со Центарот за развој на Полошкиот плански регион, општината и Јавното комунално претпријатие во Гостивар, како и Регионалното претпријатие за управување со отпад формирано од сите општини во Полошкиот регион.
„Пред да отпочнат работите, Инспекторатот ќе ја добие на увид проектната документација и динамичкиот план за реализација на активностите, за соодветно да се планираат редовните и вонредните надзори. Координирана акција на државни и локални инспектори за мапирање на ѓубриштата, по што градоначалниците на општините во Полошкиот регион ќе добијат известување од Инспекторатот за да организираат чистење во согласност со закон.“, соопштија од инспекторатот.
Од таму велат дека константно ќе имаат комуникација и со претставници на иницијативата “Стоп Русино“ со цел соработка и размена на информации со граѓаните околу начинот и резултатите од спроведувањето на надзорот.
Интервентните мерки треба да опфатат изградба на систем за третман на исцедокот кој се состои од насип кој ќе спречува влевање на атмосферски води во веќе депонираниот отпад, канал, резервоар и пумпа што ќе го враќа исцедокот во постоечката депонија, административна куќарка за вработените, вага за мерење на возилата кои транспортираат отпад за депонирање и делница каде ќе се постави вагата. Овие активности се одолговлекуваа најпрво поради административни процедури, а потоа и поради временските прилики.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот