Поврзи се со нас

Македонија

Казни до 300 евра за оние кои ќе одбијат да се попишат – нема одложување на Пописот

Објавено

на

„Имаме прецизни протоколи скроени за безбедно спроведување, подготвени сме за секој детаљ, за секоја ситуација. Стандардите за заштита се највисоки и во целост ги штитат граѓаните и попишувачите. Пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно безбедно, по сите стандарди без застој.“, истакна владиниот портпарол Душко Арсовски на заедничката прес-конференцијата со Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика за тековните активности во рамки на Пописот 2021.

Ѓоргиева информираше дека во дијаспората во последното деноноќие се самопопишале над 20.000 македонски државјани кои живеат во странство и вкупната бројка денеска до 09:00 часот изнесува 121.580 државјани.

На прес-конференцијата повторно беше упатен повик до граѓаните кои живеат во странство да земат учество во Пописот 2021, нагласувајќи дека станува збор за едноставен, брз и безбеден статистички процес.

Ѓоргиева истакна дека нема никаков застој и сè се одвива според планот и зацртаните рокови, во следните денови продолжува дистрибуцијата на материјалите за пописните комисии, а почнува и обуката на реонските инструктори.

На прес-конференцијата е истакнато дека учеството во пописот е можност за секој граѓанин сам да придонесе во креирање на сопствената и заедничката иднина.

„Учеството е задолжително. Кривично се одговара за поттикнување на бојкот на оваа најважна статистичка операција. За тие што ќе одбијат да се попишат ќе биде почната прекршочна постапка, а казните се до 300 евра“, истакна портпаролот Арсовски и посочи дека одложување не е опција.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 3 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 5 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 6 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 7 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 8 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 9 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 10 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 11 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена