Магазин
И сонот си има свој празник
И спиењето си има свој посебен ден, 17 март, прогласен како Светски ден на спиењето од страна на Светското здружение на спиење. Иако на прв поглед звучи малку несериозно и шеговито, овој ден има поента во својата цел: да се подигне свеста за важноста на здравиот и доволен сон и со совети да им се помогне на оние кои страдаат од несоница.
Генерално луѓето поминуваат една третина од животот во спиење. Но, само 12% од луѓето спијат просечно по осум саати, колку што се препорачува за здрав живот. Третина од популацијата во светот страда од несоница. За несоница се смета кога некој во континуитет не може да заспие за 30 минути, или ако се буди три пати во текот на ноќта. Интересен е податокот дека околу 80% си ги проверуваат мејл адресите и профилите на социјалните мрежи пред да си легнат.
Зошто е потребно доволно да се спие?
За одморен мозок неопходен е добар сон. Спиењето помага и за одржување на убав и младешки изглед. Наспаниот организам е ослодобен од стрес, емоционално е постабилен и посреќен. Несомнено е дека квалитетот на спиењето е од витално значење за психичкото и физичкото здравје.
Занимливости
Рекорд за најдолг период без спиење е поставен од Ренди Гарднер во 1965 година. Тој останал буден 11 дена.
На жирафата и е потребно само 1,9 часа спиење дневно.
За разлика од неа, питонот дневно спие околу 18 часа.
На крај останува дилемата дали Светскиот ден на спиењето најдобро се прославува со добро, долго спиење?!
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот